2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Владата ги разреши сите членови на Надзорни и Управни одбори

Сите членови на Управните и Надзорните одбори се разрешени на денешната седница на Владата, потврдија за НОВА ТВ претставници од Владата.

Изворите од Владата велат дека до ова решение е дојдено затоа што членовите на одборите правеле многу голема штета. Се обидувале да носат незаконски одлуки и да склучуваат менаџерски договори кои потоа не можат да се раскинат.

На денешната владина седница на дневен ред беа и повеќе прашања за состојбите и напредокот на процесот на евро-атланската интеграција на Република Македонија.

Исто така, пред членовите на Владата планирано беше да бидат презентирани информации за користењето и имплементацијата на фондовите на Европската Унија, како прегледот за степенот на реализацијата на приоритетите на Република Македонија за влезот во НАТО.

поврзани објави

Последни објави