Даглас Коста го напушти Баерн и пристигна на лекарски прегледи во Италија, откако потпиша договор со старата дама. Сјајниот Бразилец сфати дека за него нема место во тимот на Минхен после договорениот трансфер со Џејмс Родригез.
Следната сезона тој ќе игра за Јувентус на едногодишна позајмица, за што Баерн ќе добие шест милиони евра. Ако после тоа, Јувентус сака да го задржи играчот ќе мора да му плати на германскиот великан уште 40 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=dETpQgBzORM
Коста во текот на својата кариера играше за Шахтјор и Баерн, а во репрезентацијата на Бразил има одиграно 21 натпревар, на кои постигна три гола.