- IСветската здравствена организација соопшти дека 35 деца во Европа починале од морбили во последните 12 месеци. СЗО тоа го оцени како „неприфатлива трагедија“ бидејќи за болеста има вакцина.
Бројот на починати деца од морбили е трикратно зголемено во однос на 2016 година, кога починале 13 деца, а година претходно нивниот број изнесувал три.
– Последната жртва од морбили е шестгодишно момче од Италија, каде се регистирани повеќе од 3.300 пациенти и два смртни случаи од мнинатиот јуни до денес. Во Романија од морбили починаа 31 дете, се наведува во соопштението на СЗО.
Илјадници родители во Европа поради страв за безбедноста на вакцината одбиваат да ги имунизираат децата.