2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев оствари средба со претседателот на бордот на директори на Обединета македонска дијаспора, Стојан Николов

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Стојан Николов, претседател на бордот на директори на Обединета македонска дијапосра.

На средбата беше разговарано за проектот „Birthright Macedonia“, програма на ОМД, која веќе трета година по ред носи млади луѓе со потекло од Македонија на три-неделен престој во државата, за најавените реформи на новата влада, и за потребата сите заедно, без разлика на политичките ставови, да работиме за она што се државни интереси.

На средбата премиерот Заев изрази задоволство и благодарност за работата на дијаспората во САД и нивните долгогодишни заложби и работа со клучни политичари од Вашингтон, и ги пренесе пораките на американскиот потпретседател Мајк Пенс за поддршка на Република Македонија, изразени во нивниот меѓусебен телефонски разговор.

Исто така премиерот изрази разбирање за интересот на дијаспората за прашања поврани со соседите и добрососедските односи, и во таа насока ја нагласи својата, и посветеноста на владата, да работат на подобрување на односите со сите соседи. Како пример ги посочи и позитивните односи со Бугарија, претставени преку договорот за добрососедство, како пример кој треба да го следат и другите држави во опкружувањето.

поврзани објави

Последни објави