4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богојески: Дали Никола Груевски е испазарен да ги изгубиме локалните избори?

„Процесот на стабилизација на македонската политичка сцена, не само што не е завршен, напротив се заострува“, вели Петар Богојески за Макфакс од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Богојески вели: „Поради свитканиот `рбет на Никола Груевски, кој подлегна на уцените и нападите од Зоран Заев, политичката Влада со силно мнозинство во Парламентот се повлече. На сметка на тоа, се создаде нестабилна Влада, а актуелната блокада на Парламентот е повторно силен удар врз стабилноста на политичкиот систем во Република Македонија“.

Еден од реформаторите на опозициската партија прашува дали Никола Груевски е уценет, како резултат на што, предизвикал распаѓање на парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери? „Дали Никола Груевски е испазарен да ги изгубиме локалните избори? Потребна е итна реформа на ВМРО ДПМНЕ, за да престане овој циркуз на политичката сцена, за да се стабилизира политичкиот систем“, прашува Богојески.

„Потребна ни е силна победа на локалните избори и подготовка за создавање на алтернатива на актуелната Влада, преку кредибилна коалиција помеѓу ВМРО ДПМНЕ и сериозен партнер од “албанските” политички субјекти“, додава тој во изјава за Макфакс.

поврзани објави

Последни објави