4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димовски до Џафери: Ако тераат работите на инает, допрва ќе има проблеми!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на седницата која траеше до раните утрински часови му укажа на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека треба да се откаже од постојано заседавање и дека седница се води со коректен однос не со инает.

-Треба да се знае дека ваква ситуација во која Собранието работи после полноќ до 3 часот само еднаш се има случено. Дали има оправданост цени Џафери, но коректоноста се бави на база на почитување. Но и три пати по 24 часа, ако треба ќе дебатираме. Ова ќе останува во меморијата, нас ни е целта дека парламентарното мнозинство брои 62 пратеници, а опозицијата има 51 пратеник. Ако тераат работите на инает допрва ќе има проблеми и вакви седници по 24 часа ќе има секогаш, ние сме спремни, имаме сега 40 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а 15 од СДСМ, рече Димовски.

-Не господинот Џафери, туку претседател на Собранието, возврати Џафери.

– Во ред вие си го кажувате ова, рече Димовски.

Не јас, деловникот, повторно реплицираше Џафери и додаде:
-Неколу пати повикувате на коректен однос, не знам која е коректноста сами на себе да си реплицирате 30 луѓе, а од друга страна повикувате на коректоност. Сепак граѓаните тоа треба да го ценат. Ако ви сметате дека е тоа коректен однос, и ова е коректен однос.

поврзани објави

Последни објави