Уредничката на телвизија Сител, Ивона Талевска останува без пасош, откако Апелациониот суд ја одби нејзината жалба за мерките за претпазливост коишто и ги определи Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство.
Таа е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“ и има обврска еднаш месечно да се јавува во Суд, а нејзиниот пасош е одземен.
Иако Талевска на седницата се жалеше дека има потреба од патувања поради прирордата на нејзината работа како новинар и уредник, сепак судот смета дека Талевска може да избега ако не и биде земен пасошот.
Судот ја објави одлуката и за мерките за претпалзивост на обвинетите во „Тортура“, меѓу кои е и поранешниот началник на Алфите, Ивица Анчевски – Пуки, за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.