-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Божиновска: Стопирањето на проектите кои се од огромно значење за граѓаните, не носат корист никому

Алаѓозовски и Социјалдемократскиот сојуз со стопирањето на изградбата на проектот Антички театар Скупи, за жал ја потцени и навреди маката на илјадници работници и тоа археолошки работници кои неколку години работеа на тој локалитет, истакна на денешната прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Валентина Божиновска.

Со ребалансот на буџетот предвиден за изградба на Античкиот театар Скупи, сите средства кои беа  наменети за проектот се укинати со ребалансот и тоа внимавајте некаде над 80%. Ова што потврдува, потврдува дека на СДС воопшто не им е гајле што илјадници археолошки работници го вложија својот труд, сиве овие години наназад.

Имено, со ребалансот на буџетот во културата проектиран од Социјалдемократскиот сојуз и Алаѓозовски, тие го кратат буџетот, но го кратат буџетот за сите археолошки истражувања со некаде над 70%. Ова е доста лицемерно и срамно од Социјалдемократскиот сојуз.

Проектот за Античкиот театар Скупи кој требаше да се реализира, е еден од најголемите и најзначајните на Балканот но и воопшто во севкупната археолошка историја и цивилизација, од римско време, кој со својата конзервација и реставрација ќе се возобновеше и повторно ќе можеше да прими некаде од 8 до 10.000 гледачи.

Дополнително, кратењето на буџетот за археолошки истражувања на локалитетите низ државата се некаде над 70%, тоа ја отсликува негрижата на СДС за културното наследство во Република Македонија.

Се прашуваме дали на СДС поважна им е партизацијата на државата, партиските вработувања, задолжувањата, октоподите, морската храна, можеби и понекогаш цвеќињата, додека пак реалната потреба за проектите во културата воопшто не им е важна. Дали е важно да јадат морска храна и октоподи, да ги вдомат своите партиски одработувачи, отколку да вложат во културата.

Почитувани,

Стопирањето на проектите кои се од огромно значење за граѓаните, не носат корист никому. Ве повикуваме да не ја стопирате реализацијата на проектот за Антички театар Скупи, како и стопирањето на археолошките истражувања на локалитетите низ Република Македонија.

Воедно ви укажуваме, наместо блокади, фатете се за работа, бидејќи вака ако продолжите ќе бидете запаметени како варвари во културата и културното наследство во Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави