Премиерот на Република Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите рече дека договорот за добрососедство со Бугарија ќе отвори нова ера на соработка меѓу Македонија и Бугарија во однос на патната инфраструктура, како и во размена на стоки и услуги.
-Трговската размена со Бугарија сега изнесува 500 до 600 милиони евра – зошто да не биде една милијарда?, рече Заев.
Премиерот додаде дека е договорено и да се работи на изградба на Коридор 8, но и да има нови гранични олеснувања, да се отвори нов премин кај Берово, како и заеднички да се работи на надминување на недобронамерната пропаганда. Двете земји ќе се борат против национализмот и говорот на омраза.
-Ова ќе биде успех на сите претходни влади, затоа што процесот е започнат уште во 2009 година. Оттогаш се одржани 10 заеднички комисии меѓу двете држави и сметаме дека е време да ги затвориме сите прашања од минатото. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски партии да дададат поддршка на нови односи кои ќе водат кон политика на пријателство и отварање на нови перспективи. Со потпишувањето на овој договор стануваме држава која решава проблеми, место држава која создаваше проблеми. Бугарија е земја која не поддржува без условување за името и така имаме сериозен партнер во евроинтеграцијата, потенцираше Заев.