-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тројца поранешни високи функционери во ПРИТВОР!

Апелацискиот суд по вчерашната јавна расправа денеска одлучи да им додели притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, сите вработени во МВР и обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство. За останатите обвиниети се потврдуваат претходните решенија на Кривичниот суд.

Сашо Мијалков, првообвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ коишто истраги по обвинителниот акт се споија во едно обвинение, останува само без својот пасош. За него СЈО бараше притвор, но притвор добија само вработените во МВР кои се обвинети за негови соработници.

поврзани објави

Последни објави