-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

И тоа го има во Италија: Јувентус прекрши договор од 25 милиони евра

Актуелниот италијански првак Јувентус објави дека се откажува од трансферот на Патрик Шик од Сампдорија кој требаше да вреди 25 милиони евра.

Двата клуба неодамна постигнаа договор, но Шик потоа падна на лекарски прегледи поради наводни срцеви проблеми. Во меѓувреме Сампдорија се закани со тужба бидејќи договорот бил потпишан, но Шик уште еднаш падна на лекарски прегледи.

Со тоа, Сампдорија остана без планираните 25 милиони евра, но сепак ќе се обиде да најде купувач за Шик во овој преоден рок.

 

Извор: Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави