-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Затворите се преполни со дроги – тврди народниот правобранител!

Во интервјуто за тв 24, народниот правобранител Иџет Мемети предупредува дека ситуацијата е алармантна, а за лошите состојби властите и натаму молчат. Побара итно да се затвори приемното одделение во Идризово каде 80 осуденици се држеле незаконски повеќе од два месеци.

Мемети алармира дека нема ниту функционален безбедносен систем. Тој посетил 8 полициски станици од кои во само една биле исполнети минимални услови. И покрај долгогодишните алармирања Мемети вели дека надлежните остануваат глуви на препораките, а условите од година в година стануваат се полоши.

поврзани објави

Последни објави