Заклучно со 31 мај 2017 година, државата должи вкупно 22 милијарди денари. Само во културата државата должи 2,4 милијарди денари за изградбата на Филхармонија и Драмскиот театар, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.
Како што кажа Тевдовски овие бројки не влегуваат во вкупниот јавен долг на државата, туку станува збор за преземени неплатени обврски.
Според министерот за финансии најголем должник од општините е Охрид. Покрај општините, како должници се јавуваат и јавните претпријатија.