Жерард Пике преку свој профил на социјалните мрежи објави фотографија на која тој го прегнува Нејмар, а под која пишува: “Тој останува.“
Тоа се однесува на трансфер бомбата која одекна минатата недела, дека Нејмар после четири години поминати во Барселона, заминува со светска рекордна оштета од 222 милиони евра во ПСЖ.
Но сега Пике со само две реченици ја реши дилемата.
Интересно, кога пред два дена претседателот на Барселона Хосеп Мариа Бартомеу порача дека Нејмар 200 % останува, никој не му поверува.
Се чекаше објава на некој со многу поголем авторитет и моќ.