-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Чичко Сем и чичко Стеф

Заменик државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји истакна дека САД ќе го зголемат својот ангажман на Балканот, за да го заштитат од негативните влијанија на Русија. Според него на овој начин ќе се зачува стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот.

Лоша вест за Стевче Муња, Иван Стоиљковиќ и Борис Дамовски… Тие таман ги отворија картите и дури се пофалија дека се сретнале со претставници на партијата на Путин „Единствена Русија“ и ете ти беља Ји истакнува дека САД ќе продолжат со расчистувањето на Балканот од штетното руско влијание.

Моите мисли се со старите удбаши кои преку ноќ станаа путинисти за да си ги спасат кожите и највеќе со ликовите слични на Стефан Влахов Мицов, кој пред неколку дена индиректно преку својата колумна „Зошто се самоубива ВМРО-ДПМНЕ“ (уредно објавена и избришана од Курир и Нетпрес), и даде пат на тезата дека ВМРО-ДПМНЕ веќе е „испеана“ песна и е време во Македонија да се појави нов политички субјект. Дали тој нов политички субјект ќе биде филијала на „Единствена Русија“ во Македонија, само времето ќе покаже? Силно се надевам дека путинистичките сметки на македонските квазипатриоти ќе бидат расипани од Хојт Ји (се разбира со знаењето на Трамп :)).

Пишува: Батко Тане

поврзани објави

Последни објави