6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Балкоски за нападите кон Георгиевски: Наместо да молчат и да се скријат, ДПМНЕ продолжува да прави штети на државата!

Генералниот секретар на ВМРО НП, Љупчо Балкоски на својот ФБ профил одговори на пишувањата на Никола Србов. 

Додека ја имаше апсолутната власт, Дпмне ги уништи демократијата, човековите права и слободи, направи огромни економски штети и своеволно ги стопираше Евроинтеграциските процеси и влезот во НАТО.
Сега и во Опозиција, наместо да МОЛЧАТ и да се скријат, затоа што немаат доблест да им се извинат на граѓаните на Р. Македонија, Дпмне продолжува да прави штети и на внатрешен и на надворешен план.
Единствено што може сега да направи , а и крајно време е, самата партија да го врати името ВМРО и да остане само Дпмне, затоа што не остана ништо од Вмровската идеологија во таа партија, а идеологијата не се мери со број на изградени споменици, според нив.
Истовремено, продолжуваат да го напаѓаат лидерот и основачот на ВМРО – Дпмне, претседателот на ВМРО – Народна партија, Георгиевски и во оваа ситуација тоа е и ,,добро,,. Од нив не очекуваме и Не сакаме да кажат нешто позитивно или ,, Реално,, – така им беше слоганот за кампањата или и тоа им беше за манипулирање на сопствениот народ.

 

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ЉУПЧО БАЛКОСКИ – Генерален секретар на ВМРО Народна партија

поврзани објави

Последни објави