3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пандев објасни поради кои две работи останал во Џенова

Горан Пандев иако се очекуваше да замине од клубот и од Серија А, сепак ја прифати понудата и потпиша за старо-новиот клуб Џенова. Тој во австрискиот Нојнштиф ќе ја започне третата сезона во клубот. Во изјава за медиумите од апенинскиот полусотров потенцираше дека ставил потпис на договорот со Џенова поради две работи, а тоа се семејстовото и Јуриќ.

– Зацртав цел да одиграм уште една сезона во Џенова поради моето семејство и поради Јуриќ. Тој ме познава многу добро и задоволство ми е да работам со него. Заради него споив две сезони во низа, а со оваа сезона ќе направам три во клубот. Првите две сезони не ми беа баш онакви како што ги замислував. Имав по некоја повреда и некој несреќен заработен црвен картон. Потоа се случи  кризата со играта, следствено и резултатите во вториот дел од шампионатот. Се навраќам и се сеќавам дека во првите мечеви игравме спектакуларно, но што е тука е. Имам претчувство дека оваа сезона ќе биде одлична за сите нас, за клубот, за играчите, за навивачите, – заврши Пандев.

 

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави