Врховниот суд денеска одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и Бошковски.
Врховниот суд, според најавите, денеска треба да одлучи по жалбите на Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски обвинети во случајот Тврдина – Таргет кои од Апелација добија притвор. Вчера Врховниот суд потврди дека сите документи се примени, но поради отстуство на еден од судиите, разгледување на жалбите беше одложено за денеска.
Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошкоски ситеод УБК во времето на нелегалното прислушувае бараат Врховниот суд да ги поништи одлуките за притвор кои им се одредени поради можност за влијание врз сведоци и поради можност за бегство. Тие се товарат за прислушување и уништување на доказите за прислушувањето.