ДПА – Хамбург
Додека претседателот Доналд Трамп седнуваше во возачкото место на новото противпожарно возило пред Белата куќа, неговиот план за реформи на националното здравствено осигурување испаруваше како чад на ридот на Капитол.
Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел залудно се трудеше да ги убеди своите сопартијци да го поддржат новиот предлог закон за замена на Обамакер. Истовремено, Трамп седнуваше зад воланот на огромното противпожарно возило за да го рекламира фактот дека тоа е „Произведена во Америка“.
Како што честопа се случуваше откако почетникот во политиката положи заклетва како претседател во јануари, фотосесијата се покажа лесна додека исполнувањето на предизборните ветувања во поделениот од противречности Вашингтон се покажа потешко и покрај познатите вештини на човек кој може да склучува зделки.
Републиканците ветија дека ќе го сменат системот за здравствено осигурување кој беше воведен при управувањето на претходниот претседател, демократот Барак Оба,а уште кога реформите стигнаа во Конгресот во 2010 година.
Трамп жестоко го крена знамето на спротивставување на Обамакер во својата кампања за номинирање од републиканците за нивен кандидат за претседател минатата година. Тој им вети на неговите поддржувачи дека негов план ќе биде да им помогне на луѓето кои се мачат заради високите расходи и ограничените можности за избор во здравствениот систем на Обама.
Откако е на власт, Трамп беше сведок на тоа колку тешко републиканската реформа на здравствениот систем мина во Претставничкиот дом. Во Сенатот, републиканските лидери се препираа околу текстот неколку недели, но не успеаја да напишат предлог закон кој ќе го задоволи мнозинството – а тие имаат мнозинство во Сенатот. Само два дена пред да се навршат шест месеци откако е претседател, Трамп призна дека резултатот го разочарал.
– Освоивме многу победи, но немаме победа во здравственото осигурување, рече Трамп.
Признавањето на пораз не е во природата на Трамп. Тој брзо се врати кон својата предизборна стратегија на ветувања за иднината, – Ке победам во здравството, се заколна тој, а потоа ја смени темата и мина кон тврдењата за други свои постигнати победи во првите шест месеци од мандатот.
– Ќе победиме за даноците. Ќе победиме за инфраструктурата и за многу други нешта кои ги правиме. Победувавме и ќе победуваме по границата, рече тој.
Трамп објави победа и над екстремистите од Исламска држава кои неодамна беа протерани од свооте бастиони во Сирија и Ирак.
Тој се труди и во ветувањата за подобри односи со Русија, кога се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на месецов, во врските на неговите луѓе со руски врски во предизборната кампања кои предизвикаа сомнежи за неговите вистински мотиви и доведоа до истраги од страна на Конгресот и министерството за правосудство.
Безбедноста на границите беше друго негово предизборно ветување. Иако издаде декрет за „неодложна изградба на ѕид по јужната граница“, во првата седмица од својот мандат, до моментов не е ставен ниту еден камен од тоа. Тој ги повтори своите заложби за ѕидот да плати Мексико, но до сега главните инженерски трошоци доаѓаат од даночните обврзници во САД, кои продолжуваат да чекаат тој да го исполни своето ветување да го реформира даночниот кодекс.
Тој вети подбрена национална безбедност и се обиде да воведе привремена забрана за влегување во САД на луѓе од шест држави со доминантно муслиманско население, но неговите обиди до голема мера беа запрени во судовите.
Всушност, и други дадени ветувања спаѓаат во графата „одржани ветувања“ барем според Трамп. Откако стапи на должноста, во трговската област тој ги повлече САД од Пацифичкиот договор за слободна трговија и започна процедура за повтопрно преговарање за Трансатлантскиот договор за слободна трговија.
Тој ги повлече САД и од Парискиот договор за климата и одлучи да се изгради нафтовод од Канада со што ги предизвика критиките на екологистите.
Неговиот кандидат за Врховниот суд, Најл Горсич, беше потврден од Сенатот, со што се исполни едно од големите надежи на републиканскиот конзервативец да го пополни една година испразнетото место во деветчленот суд.
Портпаролот на белата куќа, Шон Спејсер, даде отчет за постигнатото и посочи на указите на Трамп да се купуваат американски производи и да се ангажираат Американци во проекти на федералната влада како дел од обидите „да заздрави американската индустрија“.
Спејсер рече дека претседателот „уште од првиот ден“ се бори за сите вредни Американци кои се најдоа на тие работни места. Белата куќа соопшти дека вкупниот број новосоздадени работни места во производството откако Трамп стапил на должност достигнал 50,000.
– Со надминувањето на штетни регулативи за вработувањата, со заштитата на границите и за зголемување на американската енергија, претседателот работи на своите ветувања за задоволување на трудољубивите во Америка, рече Спајсер.