4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Људи моји ово је да полудиш. Не се притеснявайте, всичко ще бъде наред

Договорот кој ќе треба да го потпише Владата на РМ предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев на Илинден суштински не се разликува од Декларацијата за добрососедство од 22 февруари 1999 година потпишана ( на македонски и на бугарски јазик исто така) од тогашниот премиер г-динот Љубчо Георгиевски, односно е фундамент на овој договор за зацврстување на добрососедските односи помеѓу двете држави. Но има огромна разлика на овие два документа со Бугарија во начинот на прифаќање од политичките партии во Македонија. Тогаш Декларацијата беше многу критикувана , неприфатлива и грубо минимизирана од СДСМ, а денес истото дури и пожестоко тоа го прави ДПМНЕ. Повеќе од 18 години се плукаше по таа Декларација како незнам колку штетна , како сите ќе сме станеле бугари, како ете Бугарија ќе не приспоила и имала претензии кон Македонија (иако беше држава која прва ја призна Македонија како самостојна) . Некои упорно тогаш не убедуваа во тоа, како и денес некои исто така упорно што се трудат да не убедат во истото. Но она кое мене ме загрижува во врска со оваа тема е чувството дека партиите се различни односно ги променија улогите. Вокабуларот кој тогаш го користеше СДСМ, денес истиот го користи ВМРО ДПМНЕ. Но критичарите останаа истите луѓе и тогаш и денес . Само ги променија партиите. Људи моји ово је да полудиш. Не се притеснявайте, всичко ще бъде наред.

 

 

Пишува: Цена Митревска 

поврзани објави

Последни објави