-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Граѓанско здружение „Доста е“: Надлежните немаат концепт за решавање на проблемот со струшката депонија

Дивата депонија повторно гори, и по неколкуте состаноци со локалната самоуправа, особено со средбите со Дамјан Манчески, средбата со Јани Макрадули од пред скоро еден месец, формирањето на владината комисија за решавање на проблемот со струшката дива депонија на чело со Рамиз Мерко. Отсуствува конректна акција со која би се придонело во делот на решавање на струшката дива струшка депонија, истакна на денешната прес-конференција Глигор Ќатоски од Граѓанското здружение „Доста е“ кое се бори против загадувањето и дивата депонија во Струга.

Вели дека имаат впечаток оти надлежните немаат концепт за решавање на проблемот.

-Отсуствува и отчетност бидејќи досега не сме известени за текот на работите кои се преземени од страна на владината комисија, работите кои се преземени од страна на надлежните министерства, истакна Ќатоски.

Посочи дека потребно е решение, но и оти Здружението има конкретен предлог и би му го предложиле на премиерот Зоран Заев на евентуална средба.

-Од пратениците на опозицијата предложен е амандман за дислоцирање на депонијата. Апелираме и власта и опозицијата да престанат со политички препукувања и конечно во интерес на загрозените жители на Струга. Да се здружат заедно, да ги здружат своите капацитети се со цел решавање на проблемот, рече Ќатоски.

поврзани објави

Последни објави