11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата подготвува пакет од нови осум закони во интерес на граѓаните на Македонија

Сакам повторно по не знам кој пат да побарам од господинот Талат Џафери во најбрз можен рок да свика седница во согласно со деловникот и во согласно со барањето од најмалку 20 пратеници, а во врска со најавениот договор со соседна Република Бугарија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на прес-конференција.

-Воедно сакам да потсетам во текот на вчерашниот ден пред потпишување на договорот бугарското собрание имаше можност да го разгледа договорот и да даде препорака односно да гласа и да и даде насока на нивната Влада како да постапи. Сметаме дека добрососедството со Бугарија е од стратешко значење за Република Македонија и затоа одговорноста во овој процес треба да биде споделена и заедничка. Сметаме дека договор треба да се склучи но во него да бидат склучени забелешките кои што ние во постапка кога дебатата беше затворена за јавноста но и сега ги даваме препораките до Владата на Република Македонија. Затоа е важна ваквата итна седница да се случи пред најавеното потпишување на договорот бидејќи после тоа се губи смислата на одржување на итна седница и Собранието треба да има можност да влијае на квалитетот на договорот со соседна Бугарија, вели Димовски.

Тој најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија имаат подготвено нов пакет од нови осум закони кои ќе ги претстават во следните две недели, а тие се во интерес на граѓаните на Македонија.

– За прв пат во поновата парламентарна историја ќе покажеме што значи вистинско дејствување во интерес на граѓаните и ние никогаш нема да ја прифатиме улогата да бидеме голи критичари и само критичари како што беше СДСМ во претходните мандати. Ние интензивно и активно ќе поднесуваме иницијативи кои што се квалитетни и ќе помогнат на голем дел на граѓаните. Во моментов имаме иницијативи како што се продолжување на породилното отсуство, зголемување на платите во државниот сектор, закон за лекарите со кои ќе им се овозможи на специјалистите да добиваат 100 илјади денари плати, додека пак докторите од општа пракса 56 илјади денари како и закон за јавно обвинителство и неколку други закони, рече Димовски.

Тој истакна и дека вчера завршила расправата на комисијата за финансирање и буџет, но се случиле две груби прекршувања на деловникот на Собранието на Република Македонија.

-Прво според членот 128 став 6, извештајот за работата на комисијата за финансирање на буџет и на секое работно тело единствено е надлежен да го потпише е претседателот на тоа работно тело и да гарантира за веродостојноста, а според нашите информации таков извештај е подготвен, но е потпишан од неовластени лица. Додека второто прекршување е тоа што на законодавната комисија не се отвори никаква расправа по ниту еден амандман за ребалансот на буџетот на Македонија. А покрај тоа беа разгледани само 62 амандмани како плод на ефективното и активно блокирање од страна на СДСМ, а најстрашното е тоа што 62 пратеници кои се мнозинство одлучија да не прифатат  ниту еден единствен амандман од вкупно 706 поднесени од наша страна и односно близу 800 од сите опозициони пратеници и им оневозможија на други 58 пратеници да помогнат да дадат предлог и сугестии или забелешка на ребалансот, потенцираше Димовски.

поврзани објави

Последни објави