11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Косово го ослободи Лирим Јакупи – Нацист, обвинет за напади во Македонија

Косово го ослободи Лирим Јакупи, познат под прекарот Нацист, осуден за напади врз македонската полиција во 2004 и 2014 година.

Во март годинава во јавноста се појавија информации дека Јакупи се наоѓа на Шар Планина, но МВР ги демантираше таквите наводи и информираше дека тој се наоѓа во куќен притвор во Косово.

Во јули 2008 година, македонските судови во отсуство го осудија Јакупи на 15 години затвор, за организирање терористичка група и нелегално поседување оружје.

Лирими, познат како „Нацист“ е член на герилските групи на етничките Албанци во Косово, Македонија и во Србија.

Јакупи се приклучил на Ослободителната војска на Косово во 1998 година и се борел против српските безбедносни сили. Тој исто така бил вклучен во формирањето на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, (ОКПМБ), која во 2000 година ги почна нападите врз безбедносните сили во населбите населени со Албанци во јужна Србија.

Јакупи во 2007 година бил уапсен од страна на меѓународните безбедносни сили, но истата година избегал од косовскиот затвор Дубрава.

Во ноември, три месеца по неговото бегство од затворот, македонската полиција извршила рација во селото Бродец, неколку членови на групата на Јакупи биле убиени, а неколку уапсени. Јакупи успеал да избега.

Во 2010 година повторно бил уапсен на Косово. Во 2014 година бил уапсен од европската полиција на Косово, во моментот кога го нашуштал затворот. Јакупи бил уапсен затоа што македонското МВР распиша меѓународна потерница за него за извршени кривични дела во земјава.

Јакупи бил учесник и во конфликтот во 2001 година кога се поврзал со групата на Агим Красниќи од Кондово. Тој бил дел и од настаните во 2007 година во тетовксото село Бродец, кога полицијата разби голема вооружена група. Тој избега, а неговиот соборец Рамадан Шити беше убиен во акцијата „Планинска Бура“.

поврзани објави

Последни објави