6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Груевски го испрати Емил Димитриев на одмор

Досегашниот генерален секратар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев остана и без функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а повеќе не е ниту член на Извршниот комитет. Нов генерален секретар на партијата е директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски.

Токму Димитриев во интервју за Макафакс оваа недела кажа дека во партијата е неопходно освежување и ги најави промените во ИК.

-Јас лично поддржувам освежување во партијата со кадри што заслужуваат да им се даде шанса. Знаете, ВМРО-ДПМНЕ е партија која долго е на власт, има луѓе што десетина години беа министри, тие веќе се изморени и треба да одморат. Партијата е жива материја која одвреме-навреме треба да се освежува за да ги подобри своите перформанси,“ рече Димитриев.

Тој не се најде на листата на членови кои остануваат во Извршниот комитет, како што се Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска и Зоран Савевски.

поврзани објави

Последни објави