14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МВР: Внатрешна контрола го истражува полициското постапување на протестот во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти вчера по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема во Скопје.

Притоа, како што стои во денешното соопштение, доколку се утврди пречекорување на преземените полициски дејствија, тоа ќе биде соодветно санкционирано.

Правото на протест е неприкосновено и со Уставот на Република Македонија – загарантирано право кое што, меѓу другото, полицијата има должност да го штити, исто како што има должност да го штити јавниот ред и мир и сигурноста и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија, наведуваат од МВР.

Министерството исто така категорично ги демантира сите наводи за приведување на лица во врска со посочениот настан.

поврзани објави

Последни објави