6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вељановски: Наместо напредок и професионализам како досега, во културата доминираат варваризмот и некултурата

Министерството за култура продолжува со нестручното работење и партизација на културата во Македонија. Наместо напредок и уште поголем професионализам во споредба со досегашните случувања, во културата доминираат тенденции за варваризам и некултура, изјави на денешната прес-конференција Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ

Вели дека партискиот реваншизам и политиките на чистки се подигнуваат на едно сосема ново ниво.

Покрај живите луѓе кои најавија дека ќе ги јадат, сега решија да се пресметуваат и со неживите, односно со спомениците. Во својот новоназначен Совет за култура министерот Алаѓозовски постави изразито партиски и соросови кадри чија единствена цел ќе е да ги промовираат личните фрустрации на поединци како научно мислење на стручните фели. Од советот во кој членуваат луѓе како Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин, Мирослав Грчев не може да се очекува ништо повеќе од опасните и штетни агресивни најави и закани дека спомениците на културата ќе бидат „новата суровина за металуршката индустрија“. „Ќе ги минираме, ќе ги стопиме, ќе ги уништиме“ – ова е наративот кој новоназначените советници на министерот го форсираат гласно и нападно со години наназад, кога станува збор за одбележјата кои ја слават македонската историја, посочи Вељановски.

-За овие луѓе, цитирам: „оној воин, сосе мајка му, сосе татко му, Никола Карев“ и, како што рекоа „целата булумента која служи за потсмев“ се навреда за нивниот вкус и навреда за интелигенцијата на граѓаните. „Во СДСМ се дискутирало безмилосно и радикално“, вели претседателот на Советот на новиот министер, цитира Вељановски.

Посочи дека тоа може и да се очекува од СДСМ и го демонстрира односот на оваа партија кон историјата на Македонија. Но, како што вели, таквите ставови не се ставови на мнозинството граѓани на нашата земја и им препорачуваме да бидат многу внимателни во канализирање на својот бес, фрустрации и радикалност.

-Во македонската култура нема и не смее да има простор за варваризам. Само за споредба, ќе ви ги кажеме имињата на оние кои членувале во советот за култура за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ: академикот Цветан Грозданов, режисерот и професор Љубиша Георгиевски, познатите Оливер Белопета, Раде Силјан, Ацо Станковски, диригентот Борјан Цанев. Членови беа и професорот Митко Хаџи-Пуља и Милчо Манчевски, потенцира Вељановски, велејќи дека јавноста треба да направи споредба меѓу овие луѓе.

поврзани објави

Последни објави