6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев ќе одмора во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, годишниот одмор ќе го користи од 3 до 6 август, и со своето семејство ќе престојува во Охрид. Доколку дозволуваат работните обврски, ќе искористи и дел од викендите во текот на август.

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, ќе искористи пет дена за одмор со семејството кој ќе го помине во Грција.

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, за одмор ќе ги користи само викендите во август, без одредена дестинација.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, нема да користи класичен одмор, но доколку дозволат работните обврски, ќе искористи неколку викенди, најверојатно во Албанија.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, неколку дена со семејството ќе престојува во Грција, а министерот задолжен за комуникации транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, нема да користи официјален одмор, но ќе ги искористи викендите од август за да помине денови со семејството на локации во Македонија и Грција.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе летува во Бугарија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, својот одмор ќе го искористи во август, а локацијата се уште ја нема утврдено.

Во Грција на неколку денови одмор со семејството ќе отпатува министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а во соседна Албанија и во Струга ќе одмора министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми ќе искористи четири дена за одмор во Грција, а планира еден викенд да одвои и за Опен Фестивалот во Струмица. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, одморот со времетрање од пет дена ќе го искористи во текот на август, а локацијата се уште ја нема утврдено. Пет дена ќе искористи и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на локација близу Солун во Грција.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе искористи денови во текот на август, но сè уште не одлучил на која локација.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Рамиз Мерко ќе помине неколку денови со семејството во родната Струга. Министерката без ресор за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе ја искористи последната недела од август да оди на одмор со семејството и ќе ги посети фамилијарните куќи во Отешево и Лазарополе.

Два продолжени викенди во текот на август ќе искористи министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ. Одмор нема да користи министерот без ресор задолжен за подобрување на состојбата на Ромите, Самка Ибраимовски.

Испланиран одмор, до сега немаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска, министерот за правда Билен Саљији и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика. Одмор нема да користи министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил.

 

поврзани објави

Последни објави