Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, ниту ги повика граѓаните да влезат во Собранието на 27-ми април, ниту е извршител на какво било физичко насилство, ниту ги попречуваше одговорните служби во извршувањето на своите задачи и тоа им е јасно како ден на сите и директни и индиректни учесници и органи на државата. Токму спротивното, тој е еден од оние граѓани кои 60 дена пред 27-ми април предупредуваа на сценариото на СДС и повикуваа на мирни протести согласно уставните права на граѓаните на Република Македонија, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев во врска со членот на ИК на партијата, Богдан Илиевски и настаните од 27-ми април.
Според изјавите на сведоците и полицијата, тој како и многу други граѓани кои мирно протестираа 60 дена претходно и повикуваа на достоинствено изразување на граѓанскиот револт од сценаријата на СДС, во тие моменти вложуваа заеднички напор заедно со органите за чување на редот и мирот за смирување на ситуацијата и се обидуваа да го спречат нејзиното понатамошно ескалирање, велат од партијата.
„Ваквите нарачани новинарски прашања нема ниту да го отргнат срамот од сценариото кое СДС го реализираше на тој ден, ниту од одговорноста на СДС и мнозинството за кршењето на Уставот и намерната провокација на граѓаните кои 60 дена претходно мирно и достоинствено протестираа на улиците во целата држава бранејќи ги своите граѓански права. За целокупната негрижа, неодговорност и неспособност на СДС набргу ќе следи политичка одговорност“, се вели во партиското соопштение.