-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба АМС – МОФ: Повеќе средства за младите и функционалност на претставничките тела

Денеска се одржа средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставници на Младинскиот oбразовен форум. На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со младите во Македонија.

Дона Костуранова, извршен директор на МОФ го презентираше проектот “Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт”.  Целта е да се истражи досегашната работа на АМС и да се дадат насоки за поголема функционалност на оваа институција.

Каевски посочи дека АМС ќе биде отворена за информации , за увид во досегашната работа и подобрување на соработката со младинските организации.

Исто така, се разговараше и за развојот на локалните младински совети кои треба да бидат вистински претставнички тела на локално ниво за младите, независни и ослободени од  какви било притисоци.

Присутните дискутираа и за Младинската гаранција која започнува да се спроведува од септември. Една од мерките која треба да придонесе за намалување на младинската невработеност и полесен излез на младите на пазарот на трудот. Со цел да се подобри реализацијата на оваа мерка, отворена е можноста за организирање на консултативна средба со засегнатите страни.

Следува период на креирање на Буџетот за следната година. Каевски потенцираше дека се предвидуваат повеќе средства за младите. Заедно со младинските организации, претставнички тела на младите ќе предложиме проекти кои навистина ќе го подобрат животот на младите луѓе и ќе се спречи одливот на млади мозоци.

поврзани објави

Последни објави