ВМРО-ДПМНЕ е најголема организирана политичка структура во Република Македонија и тоа впрочем го покажа со бројот на гласови на претходните парламентарни избори, но впрочем тоа го покажува и со секојдневниот активизам на терен, бидејќи ние имаме таканаречено „работно лето“ кога претставници на партијата посетуваат населени места и разговараат со граѓаните и како резултат на тие посети можеме да кажеме дека се забележува незадоволството помеѓу граѓаните, вели Христијан Мицкоски, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на телевизија Сител.
Можеби политичарите имаат одредена перцепција околу политичките настаните, но кога истото ќе го слушнете од граѓаните, тогаш станува алармантно, а вие како политичари морате да застанете и да ги одбраните интересите на граѓаните. Во овие шеесетина дена јас не слушнав апсолутно ништо ново, нешто кое ќе придонесе за квалитетот на животот на нашите граѓани и да почекаме да поминат првите 100 дена од новата Влада и тогаш ќе дадеме подетална анализа и детална компарација која ја подготвуваме, потенцира Мицкоски.
Тој истакна и дека она што е важно е дека кај граѓаните владее сериозно незадоволство во секое населено место и секоја средина. Тој се надева и дека СДСМ истиот тој револт го чувствува и дека ќе го подобрат животот, просечната плата како и минималната плата.