Претседателот на САД, Доналд Трамп лично ја диктирал лажната изјава во која неговиот син Доналд Трамп Помладиот тврди дека средбата со руската адвокатка Наталија Весељницка во текот на предизборната кампања во 2016 година била фокусирана на посвојување на руски деца, објави денеска „Вашингтон пост“.
Весникот посочува дека претседателот Трамп ја диктирал изјавата додека бил во авион врајќаќи се од Самитот на Г-20 од Хамбург за Вашингтон.
„Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани извори наведува дека правниот тим на американскиот претседател планирал средбата на неговиот син и Весељницка да ја претстави како евентуална местенка од страна на демократите.
Претходно, „Њујорк тајмс“ објави дека Доналд Трамп Помладиот во 2016 година се сретнала со руската адвокатка бидејќи таа имала компромитирачки информации за Хилари Клинтон. Весељницка изјави дека никогаш не работела за руската Влада и демантираше дека поседувала компромитирачки информации за противкандидатката на Трамп.