6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Демократски сојуз: Честит празник

Демократскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита Илинден, најголемиот двоен празник на македонскиот народ и сите граѓани без разлика на националната и верска припадност.

„На овој ден се удрени темелите на Македонската држава со што се остварија вековните стремежи за самостојна и независна македонска држава.

Со Манифестот за приклучување на востанието, како и принципите на дејствување на првата република на Балканот во 1903 година , се промовирани европските вредности на кои почива модерна европа.

Тоа е заветот за сите нас, да бидеме сплотени, да имаме разбирање за различностите и да се бориме за правда и еднакви права за сите“, се вели во честитката на Демократскиот сојуз.

поврзани објави

Последни објави