6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

До 15 август делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на барање на ЈП „Македонски шуми“ даде согласност за делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена од 15 јули до 15 август годинава која веќе беше објавена во јавноста.

Оваа согласност не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории, ниту за организирана тура туристи која ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“ и претставник од субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.

МЗШВ воедно информира дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. Апелира граѓаните во овој период од годината, заради своја безбедност, да се воздржат од нанесување штети на шумата, палење отворен оган во шума, користење материјали кои се запаливи,…

– За непочитување на одредбите од Законот за шумите, на физичките лица кои ќе бидат затекнати во шума без соодветна дозвола од ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. За непочитување, пак, на Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството, информира МЗШВ.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“, „Пелистер“ и „Галичица“, ЈПУЗПП „Јасен“-Скопје, како и ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.

поврзани објави

Последни објави