14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Дејли Телеграф“: Саркози се соочува со истрага за поткуп за изборот на Катар за СП

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, се соочува со можна истрага за тоа дека „имал корист од повеке милионски бизниси“ затоа што Катар беше определен за домакин на Светското првенство во фудбал, во 2022 година- тврди лондонскиот проконзервативен „Дејли Телеграф“.

Весникот се повикува на сознанија од француското Обвинителство и пишува дека се испитува дали Саркози добил пари, од разни трансакции, во време на преговорите за тоа кој ке биде домакин на СП во 2022 година, вклучувајќи го и продавањето на популарниот париски и француски фудбалски клуб „Пари Сен Жермен“ на Катар.

Оваа мала земја во Персискиот залив, без фудбалска традиција, но богата со нафта и гас, неколку години по ред, се соочува со повеќе меѓународни истраги , откако таа беше избрана за домакин, а не некоја од земјите со силна спортска и фудбалска традиција и со искуство во организирањето на вакви манифестации, кои важеа за главни кандидати.

Сите сомнежи се однесуваат на тоа дека ваквото решение на ФИФА било донесено со давање пари за поткуп и разни други финансиски бенифиции, од страна на богатата катарска држава, само за да се гласа за нејзината понуда таа да биде организатор на СП 2022.

Лондонскиот весник тврди дека Франција била еден од најсилните подржувачи на катарската понуда, откривајќи дека во една прилика, поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер има речено дека Саркози бил централната фигура, при обезбедувањето на гласовите на Франција и на низа други европски земји- да се подржи предлогот на Катар.

Кандидати за организатори на Светските првенства во 2018 и 2022 година, меѓу другите беа и Англија, САД и Австралија.

Веднаш откако се разбра дека домакини ке бидат Русија, за првенството во следната година и Катар, четири години подцна, британските и американските медиуми покренаа силна кампања со обвинување до ФИФА, но и до Катар и до Русија, дека изборот на домакини за следните две првенства бил „купен со големи пари„.

Токму САД и Британија беа главните „обвинители„ за корупцијата во ФИФА и до бројните истраги, кои предизвикаа оставки на Блатер и на претседателот на УЕФА Мишел Платини, но Русија и Катар останаа да бидат домакини.

поврзани објави

Последни објави