Со Законот за употреба на јазиците ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Охрид.
Сите одредби во законското решение се согласно Член 5 од Уставот. Пакетот го праќаме на усвојување во парламентот, а потоа откако ќе биде усвоен, го праќаме на венецијанската комисија, рече Заев, пренесе ТВ 21.
„Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, што значи дека во институциите, граѓаните ќе говорат на свој јазик“, рече Заев.
Прв јазик за службена употреба ќе биде македонскиот јазик. Владата вчера го усвои текстот на Законот за употреба на јазиците.
Во меѓувреме дел од медиумите го објавија текстот на Законот, според кој ќе има двојазични унформи во местата каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот и според кој јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик заедно со неговото писмо.