11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Македонска алијанса: Законот за јазиците не смее да помине по ниту една цена

Во врска со одлуката на Владата да го усвои Законот за употреба на јазиците, реагираше претседателот на Македонска алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

„Претседателот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев, прекрши уште едно свое ветување, за кое потпиша и писмени гаранции, дека таканаречената Тиранска платформа нема да биде услов за владината коалиција, ниту пак на било каков начин нема да биде загрозуван Уставниот поредок.  Од каде сега Венецијанската Комисија ќе дава конечно мислење за двојазични амблеми во Армијата на Македонија? Што значи ова, дека во Македонскиот дел од Владата постои политичка воља за ова велепредавство, само се чека алиби за да се спроведе во пракса?

Со кои одредби од Охридскиот Рамковен Договор е предвидено дека во Општините и Градот Скопје каде Албанците формално се водат дека се над 20 проценти треба да има двојазични аблеми на полицијата, пожарникарите и здравствените работници? Од кога тоа овој Закон стана неопходна реформа за нашите Евроатлански интеграции, за да оди во Собрание со Европско знаме?

Конечно, зошто Владата на Зоран Заев на истата седница на која одлучи Албанскиот речиси да го изедначи со Македонскиот јазик, не донесе одлука да спроведе попис? Наместо да шират триуфализам за Законот за јазиците, каде се Албанските политички лидери од Македонија да побараат од Владата на Еди Рама да ја признае Македонија под Уставното име? Нели Талат Џафери на Мечкин Камен го цитираше Крушевскиот Манифест?, се вели во реакцијата.

Македонската Алијанса ги повикува сите најодговорни политички фактори да се разбудат и да го преземат својот дел од одговорноста. „Не може Македонија да се раскрчмува, а некој по линија на помал отпор, со несторување да аминува распродавање на Македонските национални интереси! Каде е претседателот Ѓорге Иванов? Нели неговата претседателска заклетва го обврзува да го штити Уставниот поредок на татковината? После Договорот со Бугарија, овој Закон е втор удар за Македонскиот национален идентитет. Со условувања и закани за опстојување на Владата на Зоран Заев, со брутален политички пазар, албанските политички фактори со силата во Собранието наметнуваат двојазичност на целата територија, што е апсолутно надвор од Охридскиот Рамковен договор. Овој Закон не смее да помине по ниту една цена, бидејќи оди во прилог на официјална Атина. Албанските политички профитери заслепени од нивните тесно партиски интереси во пресрет на локалните избори, по Грчки терк, од внатре го напаѓаат Македонскиот национален идентитет. Грчките радикали и иреденти ова го чекаат“, се додава во реакцијата.

поврзани објави

Последни објави