6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Кутињо е долгорочна замена за Иниеста, Барса со друго звучно име ќе го надопoлни заминувањето на Нејмар?

На Камп Ноу ова лето ќе пристигне звучно засилување кое ќе треба да го амортизира заминувањето на Нејмар.

Барса има 222 милиони евра за трошење, па „Каталонците“ се поврзуваат со голем број на имиња, како Филипе Кутињо, Пауло Дибала, Килијан Мбапе и Осман Дембеле.

Последните информации велат дека Филипе Кутињо веќе е договорен и Бразилецот треба да пристигне следната недела за 120 милиони евра.

Но фудбалерот на Ливерпул повеќе се гледа како долгорочна замена за Андрес Иниеста, и големо се шансите Барса со друго големо име да го замени Нејмар.

Пауло Дибала е опција, но луѓето од Камп Ноу во Аргентинецот повеќе гледаат како голгетер отколку како играч кој ќе може да прави пробиви по крилните позиции.

Килијан Мбапе е токму тоа, но Французинот се уште не е докажан а Монако за неговите услуги бара над 180 милиони евра.

Осман Демебеле е играчот најмногу по мерак на Барса, но Дортмунд до овој момент одолева на понудите и бара преку 100 милиони евра.

Според Мундо Депортиво, се разгледува и опцијата следното лето да пристигне играч кој покрај Суарез и Меси во нападот ќе направи ново страшно трио.

Се работи за Антоан Гризман, кој ова лето е недостапен поради неколку причини.

Барса има одличен однос со Атлетико, не сака да се замери со „Колчонероси“ па нема да тргнат по голгетерот со оглед на тоа дека клубот од Мадрид има забрана за трансфери и не може да донесе соодветна замена.

Исто така Антоан Гризман ова лето чини 200 милиони евра, а за 12 месеци цената ќе му биде двојно поголема.

Но Барса ќе треба да реагира прилично брзо со оглед на тоа дека голем број на клубови го сакаат Антоан Гризман, и во овој луд трансфер пазар неговата цена од 100 милиони евра не изгледа толку висока.

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

Последни објави