Груевски ја прокоцка волјата на мнозинството граѓани кои што на изборите на 11 декември гласаа за Коалицијата за подобра Македонија. Груевски ја изгуби победата на зелена маса. Во 2006 година ВМРО ДПМНЕ успеа да формира влада со освоени 45 пратенички места, а сега не успеа со 51, некој треба да сноси одговорност, не може некој да си игра со волјата на мнозинството граѓани и да ја предаде власта без никаква борба само заради тоа што сака да си ги скрие неговите тешки криминали и да не одговора пред лицето на правдата.
Дами и господа, ние сакаме чисто ВМРО ДПМНЕ, без криминалци, силно ВМРО ДПМНЕ, со чист образ, некомпромитирано, демократско, европско, тоа е нашата замисла за доброто на партијата. Како поддржувачи на иницијативата за реформи, бараме итна седница на ЦК на ВМРО ДПМНЕ каде што ќе се разгледа предлогот за измени во статутот на ВМРО ДПМНЕ, веруваме дека после разгледувањето предлогот ќе биде прифатен, за потоа да се создаде простор членовите слободно да одлучуваат, кој и како да ги претставува.
Ве повикуваме, заедно, сплотени како никогаш до сега, да се приклучите кон иницијативата за реформи во ВМРО ДПМНЕ, и заедно на претстојните локални избори да издвоиме голема победа!
Пишува: Петар Дељановски