11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

10 причини зошто куркумата е добра за вашето здравје!

Здравствени придобивки од употреба на куркума

Растението од кое се добива зачинот куркума во прав се нарекува- Curcuma longa и тоа е едно коренесто растение кое најмногу наликува на ѓумбирот, но бидејќи има портокалова боја во внатрешноста затоа и правот кој се добива од ова растение а се употребува како зачин/додаток во исхраната е со портокалова боја и кај нас е познат како куркума во прав. Куркумата е најпозната по тоа што многу често се употребува за ублажување на симптоми кај одредени заболувања, за што најмногу се заслужни одредени состојки (куркуминоиди) присутни во ова растение, од кои најпознат е куркуминот. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на куркума во вашата исхрана.

  1. Куркумата има антикоагулантно дејство – што значи може да им помогне на лицата со тромбоза.
  2. Исто така има и антивоспалитено дејство што значи дека е пожелна за употреба при сите воспалителни процеси во телото.
  3. Поради своите антиоксидантни и антивоспалителни својства куркумата е одлична и за кожата и покажува ефекти на забрзување на зараснување на рани, а ја ублажува и појавата на акни.
  4. Куркумата може да се употребува и за дополнителен третман на артритис.
  5. Одредени студии покажале дека куркумата може да помогне и во третман на канцерогени заболувања.
  6. Куркумата може да помогне и во решавање на примарните проблеми кои понатаму довеле или ќе доведат до појава на дијабетес.
  7. Куркуминот исто така може да има поволни ефекти и кај некои гастроинтестинални проблеми како што се: улцеративен колитис и синдром на иритабилен колон.
  8. Ефектот на куркуминот при третман на болка и воспаление може да се спореди со ефектот на стероидните лекови, но се разбира тој ја нема долгата листа на можни нус појави.
  9. Поради сите ефекти што ги има куркуминот врз главните фактори-предизвикувачи на кардиоваскуларни болести, може да се каже дека куркуминот може да ве заштити и од кардиоваскуларни болести.
  10. Иако не е сосема потврдено, поради неговите познати ефекти се смета дека куркуминот може да помогне во превенција и во третман на Алцхајмерова болест.

поврзани објави

Последни објави