4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Трамп уште во 1999 година ја истакнал можноста за превентивен напад врз Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е за превентивен напад врз Северна Кореја како можна варијанта, уште во 1999 година во интервју за Си-Ен-Ен.

Архивска снимка е поставена на Јутјуб. Запрашан дали би извршил напад врз Северна Кореја доколку би бил претседател на САД, Трамп во тоа време само бизнисмен, одговорил: „Прво би преговарал. Ќе преговарам како луд. И ќе направам така да ние ја добиеме најдобрата зделка, изјави Трамп.

Во исто време тој потенцира дека ако преговорите пропаднат „би било подобро проблемот да биде решен сега , а не подоцна“.

– Велам дека треба да направиме нешто сега за да ја запреме Северна Кореја. Да не сакате да го направиме тоа за пет години кога ќе имаат насекаде нуклеарни боеви глави и секоја насочена кон Њујорк, Вашингтон и секој од нас? Сакате тоа тогаш да го направиме или сакате да направиме нешто сега? , прашува Трамп.

поврзани објави

Последни објави