6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Таравари се буни зошто немало албански ора на Суперкупот

ЗА ТАРАВАРИ „МАЛЕШЕВКА“ И „КОПАЧКА“ СЕ ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ И БАРА МЕРКИ ПРОТИВ СТОРИТЕЛИТЕ

Министерот за здравство Арбен Таравари, верувале или не, во изјава за медиуми од Косово побара итно да биле превземени мерки против сторителите на овој ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ додавајќи дека со длабок презир и со жалење за ИНЦИДЕНТОТ ја дал оваа изјава.

„Минатата ноќ во нашата земја имаше шампионски натпревар, кој поради организаторите се претвори во губитнички натпревар! Не оставајќи ја настрана одговорноста на највисоките институции на меѓународниот фудбал, кои имаат континуирана кампања за борба против расизмот, локаните организатори ја скриле, изгубиле, исклучиле една од најважните етнички групи не само во оваа земја, но и во самата Европа, како што е албанската националност. Албанците, со еден од најстарите јазици на континентот, единствениот наследник на познатите илири, се првите намесници на првата дамнешна (или античка) европска цивилизација. А особено на Македонците кои се чини дека ја сакаат антиката ќе им направеше чест оваа работа!“, вели Таравари.

ЗА ОСМАНИ УЕФА ЗАБОРАВИЛА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е МУЛТИЕТНИЧНА

Свечената церемонија ја коментираше и министерот Бујар Османи од ДУИ кој напиша дека организаторите на уметничката програма заборавиле дека Македонија е мултиетнична држава. Дополнително побара ФФМ да се објаснела, иако организатор на Европскиот Супер Куп е УЕФА која патем ги одобрува сите елементи кои се дел од организацијата на ваквите натпревари.

ФОТО од социјални мрежи

поврзани објави

Последни објави