Мангото е вкусно егзотично овошје кое ја зголемува способноста на организмот да се бори против ракот, срцевите заболувања и нарушувања на видот. Освен што е едно од најслатките овошја и одлично освежува на летните горештини, мангото во себе содржи и големо количество на каротеидни состојки (алфа каротен, бета-криптоксантин и многу други) кои можат да дадат одредена заштита од неколку видови на канцер.
Познато е дека каротенот, кој го има и во црвеното овошје и зеленчук, штити и од многу силно сонце и ја чува кожата. Витаминот А и бета-каротенот, исто така, се познати како состојки кои можат да го подобрат видот, додека витаминот Б6, кој исто така се наоѓа во плодот на мангото, помага за контрола на хемоцистеинот во крвта. Високото ниво на оваа аминокиселина е поврзано со зголемениот ризик од добивање на инфаркт или некое друго срцево забалување. Растворливите влакна на мангото го забавуваат ослободувањето на шеќер во крвта.
Манго е плод богат со диетални влакна, витамини, минерали, и поли-фенолни соединенија. Истражувањата покажуваат дека потрошувачката на манго штити од рак на дебелото црево, леукемија и рак на простата.
Свежиот плод е богат извор на калиум кој е важна компонента на клеточните течности и помага за контрола на срцето и крвниот притисок. Плодот е добар извор на витамин Ц и Е. Потрошувачката на храна богата со витамин Ц помага на телото да развие отпорност против инфективни заболувања. Бакарот во мангото помага за производство на црвени крвни клетки.
Ова извонредно и вкусно овошје, со интересна арома – се користи и за подготовка на разни јадења. Може да се користи како додаток во десерти, декорација, а најубаво е да се изеде свежо. Одлична комбинација е и со различни видови освежителни пијалоци, но и во комбинација со други овошја, за различни овошни салати.