7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Трамп ги отфрли барањата на Мадуро за телефонски разговор

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги отфрли барањата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за телефонски разговор, соопшти Белата куќа.

– Мадуро одби да ги послуша повиците на САД да го почитува Уставот на Венецуела, да ги ослободи политичките затвореници и да ги прекине сите нарушувања на човековите права. Наместо тоа Мадуро го избра патот на диктатурата, се нагласува во соопштението.

– САД го поддржуваат народот на Венецуела пред лицето на континуираните репресии од страна на режимот на Мадуро. Претседателот Трамп со задоволство ќе разговара со лидерот на Венецуела веднаш откако таму ќе биде обновена демократијата, додава Белата куќа.

поврзани објави

Последни објави