Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека по тоталната партизација која што била вршена на сите нивоа во администрацијата, Заев сега со пари на граѓаните ќе ги плаќал и, како што кажа, сомнителните ликови без морален кредибилитет кои ги ангажирал за советници.
– Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ или од скоро нов специјалниот економски советник на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек со сомнително минато и дебело криминално досие. Единствено нешто по кое и е познат на јавноста Зоран Башановиќ се низата скандали за кои пишуваа порталите во регионот. Башановиќ како познат менаџер и бизнизмен е фатен како се впуштил во кражба на ќебиња во Флорида во вредност од 5000 долари, за што и бил уапсен од тамошните власти, изјави Стојаноски.
Според него, нејасно било за што ќе го советуваат Зоран Заев вакви ликови и какви економски совети ќе му давале?
– Дали спрегата Башановиќ-Обрадовиќ на Заев треба да му донесе уште еден „бомбона бизнис” со продажбата на ЕЛЕМ? Зоран Заев откако го состави економскиот дрим тим на владата на СДС, со Мерко, Шапуриќ, Кахил и Самка Ибраимовски, дополнително реши да го засили својот тим со нов надворешен економски советник како што е клептоманот Зоран Башановиќ. Ваквите погубни економски политики кои ги СДС ги спроведува во изминатиот период со поставување на контраверзни личности за економски советници како што е Башановиќ, во изминатите 70 дена на Република Македонија и донесоа нула нови странски инвестиции и не генерираа ниту едно ново работно место, рече Стојаноски.
Тој додаде дека со поставувањето на ликови како Башановиќ, се отварал сомнеж во јавноста дали новата влада ќе работела на подобрување на економската состојба и стандардот или на подобрување на економското портфолио на корпорациско-партиските фирми блиски до СДСМ.
– Граѓаните на Република Македонија сакаат нивната влада чесно да работи за нивно добро и да не да мислат дали некој од нив нешто да украде. Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните, заврши Стојаноски.