6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ребалансот на буџетот го чека претседателот, Иванов е на одмор

Ребалансот на буџетот, кој беше изгласан од Закондавниот дом, шести ден чека потпис од претседателот Ѓорге Иванов за да биде објавен во „Службен весник“ и да стапи на сила.

Утре е крајниот рок до кога Иванов треба да стави потпис, доколку го пропушти рокот, треба на писмено да го извести Собранието за причините зошто не го сторил тоа.

Според неофицијални информации, Иванов е на одмор и тоа надвор од државата, но дека на време ќе се врати да го потпише ребалансот.

Со ребалансот на буџетот државните институции ќе имаат четириесет и седум милиони евра помалку за трошење.

поврзани објави

Последни објави