6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Јунајтед ќе му ја исполни и последната желба на Мурињо

Манчестер Јунајтед во текот на овој летен трансфер период донесе три нови имиња Ромелу Лукаку, Немања Матиќ и Виктор Линделоф со што се исполнија 75 проценти од желбите на Жозе Муруњо.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека „специјалниот“ сака клубот докрај да си ја заврши работата и да му донесе уште едно име кое го бара, па според информациите од Англија „црвените ѓаволи“ тоа и ќе го направат.

Имено „Мирор“ посочува дека премиерлигашот преку Ед Вудворд одново се фрлил на работа за зделката со Иван Перишиќ од Интер. Тој ги отворил преговорите со агентот на играчот, Фали Рамадани за да го исполни барањето на Интер кој сака 48 милиони фунти.

Наводно Јунајтед е блиску до оваа сума, па сега ќе видиме каков ќе биде одговорот на калчолигашот и играчот со оглед на тоа што тренерот Личијано Спалети посочи дека Перишиќ е одлучен да остане во Милано.

Хрватот има договор со актуелниот клуб до 2020 година, лани во Серија А имаше учинок од 11 голови и 11 асистенции на 36 натпревари.

 

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави