6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нема затвор за телохранителот на Груевски кој прегази момче

Обвинетиот Дејан Митровски – Урко, вработен во Шестата управа на МВР и поранешен шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, доби условна пресуда за директниот судир во кој на 27 јули лани почина 22-годишниот Стојанчо Андонов на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Пресудата на 20 јуни годинава ја донела судијката од Основниот суд Скопје 1, Биљана Коцевска.

Судијката Коцевска врз база на вештачењето утврдила дека за „сообраќајката“ во која Митровски со автомобил „BMW“ го удри и го усмрти момчето, била виновна жртвата.

„Ве информираме дека против лицето за кое се интересирате, опфатено со предметот К.бр. 804/17 кај судија Биљана Коцевска, на 20.06.2017 година донесена е пресуда врз основа на признание на вина на обвинетиот, каде вештачењето утврдило дека мотоциклот се движел со 94,6 км на час, немал вградено предно светло. Оштетените пред судот се произнеле дека не бараат оштета и не се приклучуваат кон кривичниот прогон, со што обвинетиот за кривичното дело тешки дела против безбедноста на лицата и имотот во сообраќајот од член 300 ст.4 в.в со член 279 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, е огласен за виновен. Судијата му определил условна осуда, односно две години казна затвор, казна која нема да се реализира ако во следните 5 години обвинетиот не стори ново кривично дело“, пишува во писмената изјава од Основниот суд Скопје 1.

поврзани објави

Последни објави