Расизмот е зло, а неонацистите и расистите се криминалци и насилници, изјави американскиот председател Доналд Трамп, по состанокот со државниот обвинител Џеф Сешнс и директорот на ФБИ Кристофер Вреј, на кој се расправаше за насилните протести на белите расисти во Вирџинија изминатиот викенд, кога беа убиени три лица, а десетици други се повредени.
Трамп предизвика силен револт во јавноста во САД откако рече дека „повеќе страни“ се виновни за насилството и одби да ги критикува екстремните десничари кои ги предизвикаа немирите во Вирџинија.