Џанлуиџи Буфон, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се во конкуренција за најдобар фудбалер за минатата сезона според УЕФА.
Номинациите и на тројцата фудбалери се очекувани, Кристијано Роналдо лани со Реал Мадрид успеа да ја освои Лигата на шампионите, а со тоа шпанскиот тим успеа да стане кој го одбранил трофејот откако натпреварувањето се игра во овој формат. И покрај тоа што има веќе скоро 40 години, очекувана беше номинацијата и на капитенот на поразениот во финалето, Јувентус, кој лани не успеа да го освои трофејот после повеќе од 20 години, а и трофеј кој е единствен кој му фали во колекцијата на Буфон. Третиот номиниран е и Лионел Меси и покрај не баш брилијантната сезона која лани ја имаше Барселона
Според обложувалниците главен фаворит за ова признание е Португалецот од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.