6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

По повод написите објавени на порталите Курир, Република, Пулс24, Нетпрес и Фактор, кои се иницирани од изјава на претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, Општина Центар ја информира јавноста дека се работи за крајно несериозни паушални и тенденциозни тврдења.

„Патувањето за кое што пишува претседателот на Советот, остварено во Париз, не е никакво “шетање”, туку официјална службена посета на Париз. За ова јавноста беше информирана и беа објавени и фотографии од разговорите на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, како и со директорот за Балкан при Министерството за надворешни работи, Гијом Русон. На средбите беа разменети мислења и ставови за актуелната состојба во Република Македонија, од француска страна е изразена поддршка за Евроатлантските амбиции и за демократизација на Република Македонија. На средбите договорена е и конкретна експертска и техничка соработка меѓу Општина Центар и Париз.

Како доказ за наводното (не)домаќинско работење, најдобро говорат податоци за средствата исплатени за службени патувања од 25-ти април, 2013-та откако Жерновски стапи на градоначалничката функција, споредени со податоците за патувањата и дневниците на претходниот градоначалник, во периодот од 2009-та до 24.4.2013-та година. Во времето на претходниот градоначалник, за патни расходи, сместување и дневници за тоа потрошени се 10.450.000 денари, а за време на Жерновски – 745.000 денари, што е за 14 пати помалку.

ФОТО

Точно е дека односите меѓу Жерновски Шиповиќ се нарушени, и тоа како директна последица на гласањето на Шиповиќ, кој со ВМРО-ДПМНЕ изгласа нов ДУП за Водно, со што се оствари целта за изградба на десеткатница на Водно“ се вели во соопштението на Општина Центар.

поврзани објави

Последни објави